Дете на Барселона ќе заигра во Реал


ces na klupa

Англиските медиуми тврдат дека Цес Фабрегас е пред заминување во Реал Мадрид!
Антонио Конте го оставил Цес Фабрегас на клупата во победата на Челзи над Вест Хем (2:1) во последниот натпревар на првото коло на Премиер лигата. А како причина за таквата одлука англиските и шпанските медиуми гледаат во тоа дека Цес е пред заминување од Челзи и тоа во Реал Мадрид.
ces fabregas vo realФабрегас е дете на Барселона и неговото доаѓање на Сантиаго Бернабе би претставувал тежок удар за каталонските навивачи, но не и за него самиот.Тој од 2003. до 2011. година играл за Арсенал, потоа се вратил во Барса, но после три години пристигнал во Челзи, што навивачите на Топниците никогаш не му го простиле.
„Во текот на изминатите години преговарав со Реал. Но, никогаш не успеавме да се договориме“ открил неодамна Фабрегас, кој овојпат би можел да стане играч на европскиот првак.
fabregas8c3f5За него е заинтересиран и Јувентус после заминувањето на Пол Погба во Манчестер Јунајтед, но изгледа дека Реал победил во трката и дека наскоро ќе експлодира една од најголемите бомби на преодниот рок.
Во текот на денот би требало да излезат нови информации врзани за неговиот трансфер во Мадрид.
Фабрегас со Челзи има договор до 30. јуни 2019. година, а моменталната цена му е 45. милиони евра.

Leave a Reply

Your email address will not be published.