Детали за сообраќајката во која загина македонски камионџија во Хрватска (ФОТО)

Во судар на камион и автобус што се случил на автопатот А3 меѓу Новска и Окучан во Хрвтаска, загинал македонски возач на камион, а десетина патници од автобусот се префрлени во болница. Двајца од нив се задржани на лекување, објавува хрватскиот портал „Индекс“. Камионот бил со македонски регистарски таблички, додека автобусот бил од Босна и Херцеговина.

Сообраќајната несреќа се случила на дел од автопатот каде што сообраќајот бил успорен поради претходно случена сообраќјака. Првичните информации говорат дека камионот се забил во задниот дел на автобусот, којшто нагло закочил поради претходната несреќа. Ударот бил таков што камионџијата загинал на лице место.

Во нашата болница се донесени осум патници од автобусот. Едно лице има тешки телесни повреди, а една жена е задржана на поната,ошно надгледување. Останатите патници се пуштени на домашно лекување – изјавиул управителот на болницата во Нова Градишка, д-р. Јосип Колоџеј.

Како што пишуваат хрватските медиуми, во автобусот се превезувале босански работници, коишто од БиХ патувале кон Германија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

%d bloggers like this: