Детали за полициската акција во скопски Сити Мол

Скопје.21.09.2018 година – По полициската акција вчера во Сити мол, уапсени се пет лица.

Како што информираат од МВР, вчера околу 16 часот од страна на СВР Скопје се преземени мерки и активности на паркинг простор на трговски центар во Скопје. Извршен е преглед на три патнички моторни возила „Марцедес“, „Ланчиа делта“ и „Голф“,во кои се затекнати пет лица и тоа О.Б. (34), Ш.А. (36.), Ф.Л.(26.) Е.И. (24) и Н.И. (22),

Од извршениот преглед, во едно од моторните возила е пронајден  пиштол марка ТТ кал.7,62 мм.

Лицата се лишени од слобода и приведени во полициската станица од ОН Карпош. СВР Скопје презема мерки и активности за расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *