Десет години „Каменичко Културно Лето“. С.А.Р.С. и Јелена Розга се први потврдени музички ѕвезди

Македонска Каменица е во завршна фаза на подготовка на финалето на најголемата културна манифестација во Источна Македонија – „Каменичко Културно Лето“.  Традиционално, најголемите музички спектакли се случуваат во деновите пред и за 28-ми август, кој се прославува како Ден на општината и Ден на рударите.

Веќе се објавени две од музичкити имиња кои ќе настапат на годинешната манифестација, која ќе трае од 26-ти до 28-ми август. Станува збор за српскиот мегапопуларен бенд С.А.Р.С. и атрактивната хрватска поп ѕвезда Јелена Розга.

Покрај нив, во наредните неколку дена ќе бидат објавени и македонските музички ѕвезди кои ќе настапат на „Каменичко Културно Лето 2018“, а и неколку локални и регионални бендови и диџеи.

Очекувањата се дека во трите дена Македонска Каменица ќе ја посетат најмалку 40.000 посетители, што ќе биде значаен стимул за локалната економија. Финансиските средства за манифестацијата, покрај од буџетот на Општината, се обезбедуваат и од спонзорства и донации.

  • Сите информации околу оддржувањето на „Каменичко Културно Лето“ може да се побараат на следниов линк.  

Web

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *