Десетици Македонци имаат потреба од помош! Сите активни апели на едно место! Донирајте!

Апел за помош на Ангел Јакимовски

Семејството на Малиот Ангел бара помош. Тој има само 6 месеци и боледува од краниосиностоза.
За подобрување на неговата состојба и продолжување на неговиот детски живот тој треба да замине на операција во Турција.

Сумата која треба да се плати е преголема за неговото семејство, операцијата чини 15 000 евра.

Телефонски број за донации преку мрежата на А1: 143-482

За донација:
Ивана Јакимовска

Т-ска сметка – стопанска банка:
200002811143606

Да помогнеме на ова мало ангелче да живее здраво и безгрижно!

Апел за помош на Михаела Петрова

Малата Михаела Петрова боледува од епилепсија и церебрална парализа. Со надеж за подобрување на нејзината состојба, семејството самоиницијативно сака да ја упати на понатамошни испитувања на клиника во Германија. Сумата која е потребна за овие испитувања е 6077 евра. Да помогнеме.

Телефонски број за донации преку мрежата на А1: 143-464

Апел за помош на Бојан Димитриевски

Бојан Димитриевски има 19 години и тешка форма на инвалидитет. За да се подобри неговата состојба, семејството смета дека Бојан треба да замине на третмани со матични клетки во клиниката “Неуровита”. Потребната сума е 27877 евра. Третманите со матични клетки не се финансики покриени од Фондот за здравство затоа што станува збор за алтернативно лекување.

Да помогнеме!

Телефонски број за донации преку мрежата на А1(ВИП): 143-550

Превземено од Фондација Телеком.

ОСТАНАТИ АКТИВНИ АПЕЛИ ЗА ПОМОШ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *