Денес нови врнежи од снег и зголемување на снежната покривка за 20 см

Македонска Каменица, 10.01.2019 – Денес не очекува облачно време со врнежи од снег, повеќе во западните и северните делови. Снежната покривка во овие делови дополнително ќе се зголеми за 10 до 20 см. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура на целата територија на државата ќе биде под нула, а на некои места ќе достигне и до -6 степени. Дневната температура во југоисточните делови на земјата ќе се искачи до 3 степени.

Во Македонска Каменица и регионот ќе се задржи облачно време со врнежи од снег и температура под нула која ќе се движи од -5 до -1 степен.

Од петок до недела времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури и со услови за магла по котлините.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *