Денеска се слави Божик по Грегоријанскиот календар

Римокатоличката црква, протестантските и англикански цркви, како и некои православни цркви кои прифатиле ново сметање на времето по Грегоријанскиот календар денеска го прославуваат Божик.

Папата Франциско синоќа, на Бадник, го спореди патувањето на Марија и Јосиф во Витлеем со денешните миграции на милиони луѓе кои се принудени да ги напуштат своите родни држави заради подобар живот или само за да преживеат и изрази надеж дека никој нема да се чувствува „како за него да нема место на овој свет“.

– Верата бара странците да бидат добредојдени, нагласи папата, служејќи петта миса на Бадник како врховен поглавар на 1,2 милијарди католици и обраќајќи се пред околу 10.000 луѓе од Базиликата Свети Петар, додека многу верници ја следеа мисата од плоштадот пред црквата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *