Денеска е Свети Никола Чудотворец – заштитник на децата, сиромашните и обесправените

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­по­чи­ту­ва­ни­те светци, a го сла­ват и пра­вос­лав­ни­те и ка­то­ли­ците, но и дел од мус­ли­ма­ните, осо­бе­но во Тур­ција. Во Ма­ке­до­ни­ја и во све­тот има без­број цр­кви, ма­нас­тири, ико­ни и фрески, кои се по­све­те­ни на овој свет­ец. Мно­гу ма­ке­дон­ски се­меј­ства со бо­га­та посна трпе­за на ко­ја пре­ов­ла­ду­ва­ат ри­ба­та и посни­те сар­ми ќе го просла­ват праз­ни­кот.

Житие

Све­ти Ни­ко­ла е еден од нај­са­ка­ни­те хрис­ти­јан­ски светци. Роден е во градот Патара во Ликија (на јужниот брег од Мала Азија), како единствено и измолено од Бога дете на верните, богати и угледни родители Теофан и Нина, кои решија да Му го посветат на Бога, принесувајќи Му така дар. Уште со самото негово раѓање, Светото предание му припишува чуда. Знаењето за духовниот живот св. Николај го стекнал преку својот чичко Николај, епископот патарски, кој го назначил прво за чтец, а потоа и за свештеник. По смртта на родителите Николај им го раздал наследениот имот на сиромасите и ништо не задржал за себе. Додека бил свештеник во Патара тој многу се прочул со делата на својата милостиња, иако ги криел грижливо, за да го исполни зборот Господов: „Да не знае твојата лева рака што прави твојата десна рака” (Матеј 6, 3).

Во тоа време имало еден богат човек во Патара, кој изгубил сѐ и не можел да го прехрани своето семејство. Бидејќи имал три ќерки стасани за мажење, а за нив немал приготвено мираз, му дошла погубна мисла – да почне да ги продава телата на неговите ќерки, за да спечали некоја пара и да може да се прехранат. Дознавајќи за неговата крајно погубна намера, свети Николај тајно го посетил и му фрлил кесичка со пари преку прозорецот, вардејќи да не го види случајно некој. Со тие пари, кој таткото ги нашол, ја омажил првата ќерка. Истото овој светител го стори и за другите две негови ќерки, на тој начин спасувајќи го сето семејство од духовна смрт.

Целиот текст тука.

Leave a Reply

Your email address will not be published.