Денеска е голем христијански празник, Покров на Пресвета Богородица

Денеска е голем празник, Покров на Пресвета Богородица

Настанот што го слави Црквата денес се случил на 1 октомври 911 година, на едно бдение во Богородичната влахернска црква во Цариград.

Чествувањето на овој христијански празник има повеќевековна традиција во нашиот регион. Покров на Пресвета Богородица (Покрита Богородица) организирано, со народни собири и ручек за здравје, се чествува на Јазова Чука во село Драмче и на истоимениот манастир во село Цера.
 

Црквата била полна со народ. Меѓу народот бил и свети Андреј Јуродивиот со својот ученик Епифаниј. Во четири часот ноќта над народот се појавила Пресвета Богородица со распослан омофор со кој го покривала целиот народ.

Била облечена во порфира и блескала со неискажлив сјај, опколена од апостолите и светителите. Гледајќи го јавувањето, свети Андреј му рекол на Епифаниј: “Ја гледаш ли, брате, царицата и господарката над се, како се моли за целиот свет?”

Во чест на тоа јавување и се востанови овој празник. Но, овој празник е само потврда или симбол на славењето на Пресвета Богородица, како заштитничка на целиот православен народ, бидејќи нејзиното заштитништво се покажало многупати и пред овој настан.

Тој е потврда, пред се, за нејзиното молитвено застапништво за нас луѓето пред престолот на Троичниот Бог.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.

%d bloggers like this: