Денеска е Бадник, утре е Божиќ – За многу години празниците браќа и сестри христијани Македонци!

За православните христијани денеска е Бадник, денот кога се собира семејството на трпеза, на која освен храна има и бадниково гранче, кое претставува симбол на светлината и топлината на домот и на сите членови на семејтсвото.

Бадниковата вечера треба да нè потсети на тоа колку е важно семејството и слогата во него.

Утре е Божиќ, еден од трите најголеми празници, кога, според христијанското верување, е роден Синот божји, Исус Христос.

Според стариот јулијански календар се раководат Ерусалимската патријаршија, Македонската православна црква, српската, руската, грузиската црква и Света гора.

Божиќ е семеен празник и се одбележува во домовите и црквите. На Божиќ му претходи четириесетдневен пост. Луѓето на Божиќ се поздравуваат со „Христос се роди – Навистина се роди“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.