Демографска катастрофа и се случува на источна Македонија. Работоспособното население масовно се иселува од државата

На Истокот му се случува демографска катастрофа. Една третина од работоспособното население е иселено од Регионот, а неофицијалната статистика зборува дека само од Виница, околу 5.000 луѓе од Виница си заминале засекогаш.

Ова се податоци до кои дошла невладината „ИНИ“ од Виница, која започнува проект за системски пристап за решавање на проблемот со миграцијата. Кои се очекуваните цели на проектот :

  • Афирмација на проблемот со иселувањето во јавноста, идентификација на проблемите и причините за иселување, идентификација на проблемите кои ги одвраќат иселениците да се вратат дома и дополнително стимулираат иселување, идентификување на главните предизвици за намалените инвестиции од страна на иселениците, редовни заеднички средби помеѓу институциите и иселениците, зголемена одговорност на институциите за нивна транспарентност, достапност и потребата од посебен пристап кон иселениците и нивна мотивација да инвестираат во родниот крај , изработка на публикација со резултати од истражувањето и изготвување на препораки, се резултатите кои треба да се постигнат со овој проект, објасни Тодор Цонев, прет. на НВО „ИНИ“ – Виница.

Во проектот се вклучени општините Виница, Зрновци и Чешиново-Облешево, а истиот е финансиски поддржан од повеќе институции :

  • Проектот е финансиски подржан од Цивика Мобилитас, проект на Швајцарската агенција за развој и соработка кој го спроведуваат NIRAS од Данска, Мкаедоснкиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и Шведскиот институт за јавна администрација (СИПУ) а е со траење од 4 месеци, дополни Цонев.

По завршување на истражувањето, организацијата ќе издаде публикација, во која ќе бидат нотирани резултатите и можните препораки, овој негативен тренд на иселување, да се намали.

Leave a Reply

Your email address will not be published.