Делчево стравува од ново издание на Водици 2011

На социјалните мрежи се појави она легендарно видео, од кое Делчево го носи срамот за Водици 2011 година, кога бевме актуелна тема на сите домашни, но и регионални медиуми.

Млади и во желба за докажување, во водите на реката Брегалница настана мешаница, која беше фатена во кадар од повеќе мобилни телефони и брзо стана вирален хит на интернет.

Сепак, наши сме, иако е недозволиво, со тоа мора да се носиме, но и да предупредиме, вакви случки во иднина не смеат да се повторат.

Утре со среќа на сите кои ќе се фрлат по крстот, здравје и среќа на сите!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *