Делчево: Возач на цистерна добил срцев удар и загинал на лице место

При излетување на цистерна на патот во село Ѕвегор, делчевско, попладнево загинал возачот М.Б. Според д-р Гоце Стојменовски, вработен во делчевската брза помош, причината за превртувањето на цистерната бил срцев удар кој настанал додека возачот управувал со возилото.

По дојавата итната медицинска служба со свое возило и дежурниот лекар се упатила на местото на настанот, но било доцна да се спаси возачот М.Б роден 1963 година, објави порталот delcevo365.mk.

Според очевидци среќа во несреќа е што сообраќајот во тој дел бил со послаб интензитет и тоа цистерната не се превртела целосно бидејки товарот кој го носела бил лесно запаллив и можеле да настанат посериозни последици.

На лице место на настанот излегла и екипа на ПО од ОН Делчево која допрва ќе утврдува дали имало и други причини за настаната сообраќајна несреќа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.