49-годишниот И.С. од делчевското село Ветрен со тешки телесни повреди заврши на лекување во штипската Клиничка болница. Таму се нашол, откако вчера попладне во близина на село Очипала, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.
На лице место излегла полицијата и извршила увид на местото на несреќата. Истиот покажал дека причина за незгодата е алкохолот. Тестирањето кај делчевецот покажало дека има 2,28 промили на алкохол во крвта.
Извор: СтарТВ Штип