Две лица загинаа во сообраќајка кај Три Чешми

Две лица загинаа, а двајца се потешко повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи попладнево во 14 часот и 15 минути на магистралниот пат Штип – Велес кај приградската населба Три Чешми.

Според самостојниот сообраќаен инспектор во СВр-Штип, Владо Петров  директно се судриле шлепер со полуприколка со српски регистарски таблички и камион натоваран со дрва.

Двајцата возачи, едниот од Србија и другиот од Штип, загинале на лице место, а сопатниците кои биле во камионот здобиле тешки телесни повреди и се хоспитализирани во штипската Клиничка болница и се надвор од животна опасност.

Во тек е увид на местото на несреќата, а сообракајот се пренесочува по стариот регионален пат Штип – Велес.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *