Две жени од Штип и една од Делчево нападнати од нивните сопрузи

На 10.04.2023 во 21.47 часот во СВР Штип,  25 – годишна жена  пријавила дека во 21.30 часот пред казино на ул.„Ванчо Прќе“ во Штип била физички нападната од нејзиниот сопруг Е.Н.(32) од радовишко село. По комплетирање на случајот против Е.Н. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.04.2023, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода Д.Р.(36) од Делчево затоа што физички ја нападнал неговата сопруга. По комплетирање на случајот против Д.Р. ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 09.04.2023 во 20.43 часот во СВР Штип, 68 – годишна жена пријавила дека околу 20.00 часот во дворот на семејната куќа била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.Ј. од Кочани. По комплетирање на случајот против Т.Ј. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Сите случаи се одделни еден од друг и немаат меѓусебна поврзаност.

Извор: Билтен на МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *