Две “Баскет Кам” девојки се во составот на македонската кошаркарска репрезентација

Огромен успех на каменичката женска кошарка – Две Баскет Кам девојки се во составот на македонската кошаркарска репрезентација

Македонска Каменица, 23.01.2021 година – Селекторот Владимир Ѓоровиќ одлучи во подготвителниот период и средбите со репрезентациите на Хрватска и Летонија да им даде доверба на 15.кошаркарки.

Помеѓу избраничките на Ѓоровиќ се наоѓаат и две Баскет Кам девојки, Ивана Кметовска и Катерина Поп Димитровска. Ова уште еднаш го потврдува професионалниот однос во работењето на Баскет Кам од Македонска Каменица. Повеќегодишната посветеност кон остварување на врвни успеси на тимот, придонесуваат за силна промоција и огромен развој на каменичката кошарка и нејзино етаблирање под македонското кошаркарско небо.

Македонската селекција според исто „сценарио“ ќе се обиде да дојде до уште подобар резултат, на претстојниот квалификациски турнир кој од 6. до 8. февруари ќе се одржи во главниот град на Летонија – Рига.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *