Два месеци бесплатен јавен превоз во Македонска Каменица. Превезени се околу 2000 патници

Пред точно два месеци општина Македонска Каменица ја стартуваше најновата социјална програма – бесплатен јавен превоз за пензионери и за лица во социјален ризик. За таа цел беа набавени две нови комби возила кои ги превезуваат патниците од руралните средини до општинскиот центар и назад.

„Во првите два месеци превезени се околу 2000 лица и интересот кај граѓаните е огромен. Во најголем дел жителите на руралните средини се задоволни од воведувањето на оваа социјална програма. Покрај пензионерите и социјално загрозените граѓани, комби возилата се користат и од другите општински установи и институции, согласно донесениот Правилник од Советот на ЕЛС Македонска Каменица и веќе се превезени околу 200 ученици и спортисти кои учествувале на различни натпревари“ – вели Дејан Постоловски од општина Македонска Каменица, задолжен за успешно реализирање на бесплатниот јавен превоз.

Градоначалникот на општина Македонска Каменица е задоволен што за бесплатниот јавен превоз има позитивни реакации.

„Веќе функционираат неколку успешни социјални програми и размислуваме за нивно проширување односно надградување согласно новопројавените потреби на граѓаните. Планираме воведување на уште неколку мерки кои ќе имаат за цел да се надмине социјалниот јаз и раслоеност кај населението од Македонска Каменица“.

Leave a Reply

Your email address will not be published.