Двајца повредени откако мотоцикл кај кочански Чифлик излетал од патот

Двајца повредени откако мотоцикл кај кочански Чифлик излетал од патот

Вчера околу 23 часот на магистралниот пат Штип – Делчево, во месноста „Стара Река” – атар на селото Чифлик, Кочанско, Т.Ј. (26) излетал од патот управувајќи мотоцикл „сузуки”.

Здобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош бил препратен во комплексот клиники „Мајка Тереза” во Скопје.

Неговиот сопатник З.И. (17) здобил повреди и бил задржан на лекување во болницата во Кочани, соопшти денеска МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *