Двајца жители на Дулица со физичка пресметка го нарушиле јавниот ред и мир
На 31.05.2023 во 22.10 часот во СВР Штип било пријавено дека на ул.„Индустриска“ во Македонска Каменица бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу К.П.(27) и Н.Г.(25), двајцата од с.Дулица, – известува СВР Штип.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветен поднесок.
ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ НА КАМЕНИЦА.МК: Во вторник на 06. Јуни ќе се одржи рударско народниот собир во село Саса 1