Дванаесетгодишен ученик падна од прозорец во училиште

Дванаесетегодишен ученик вчера се повредил при обид да влезе преку прозорец, на висина од два метра, во училница на првиот кат на ОУ „Петар Здравковски-Пенко“ во Скопје, соопшти полицијата.

Во ОУ „Петар Здравковски-Пенко“, вчера околу 12:20 часот, по завршување на часовите, дванаесетгодишен ученик се обидел преку прозорец, на висина од два метри, да влезе во училница на првиот кат. Тој се фатил за завесата на прозорецот, која се скинала, и паднал на плочникот.

Ученикот со возило на Итната медицинска помош било пренесено во Клинички центар „Мајка Тереза“, каде му биле констатирани телесни повреди и било задржано на понатамошно следење на неговата здравствена состојба.

Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *