Да даруваме! Хуманитарна акција “Дарувај од срце” во организација на Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица

Во пресрет на Новогодишните празници Дневниот центар за лица со посебни потреби во Македонска Каменица организира хуманитарна акција.

– Акцијата ,,Дарувај од срце‘‘, првенствено  е наменета за собирање на стари или нови играчки, како плишени мечиња, кукли, барбики и украси за декорирање на новогодишна елка во установата, – велат од Дневниот центар во Македонска Каменица

Од Дневниот центар за лица со посебни потреби заедно со штитениците во установата, упатуваат повик до сите хумани граѓани и општествено одговорни компании, според можностите, да се вклучат во хуманитарната акција. Донациите можат да ги достават во просториите на Дневниот центар.

Штитениците во Дневниот центар за лица со посебни потреби однапред упатуваат благодарност од срце до сите хумани граѓани и компании.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *