Грипот однесе во смрт уште еден жител на Делчево

Жител на Делчево е една од петте жртви на грип, регистрирани оваа недела. Останатите починати од грип се од  Скопје, Делчево, Крива Паланка, Охрид и Тетово.

Кај три лица од починатите е изолиран А(H1pdm) вирусот на грип, а кај еден несубтипизиран тип А. Возраста на починатите е од 39-75 години, објави Институтот за јавно здравје.

Од почетокот на сезоната се регистрирани вкупно 28 смртни случаи од грип. Од нив двајца се од Делчево и тие засега се единствените починати од грип од источниот дел на државата.

Вкупниот број на заболени од грип досега изнесува 20.657 лица. Најголем број од пријавените случи се регистрирани во февруари, дури  11.076 заболени или 53,6 отсто.

Izvor>televizijaStar

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *