06 декември 2017|
Петмина граѓани пријавиле во СВР Скопје дека им недостасуваат пари и предмети кои ги чувале во сефови во објект на „Шпаркасе банка“ во Скопје.
„Веднаш по добиената пријава известен е јавен обвинител и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот“, информира денеска МВР.