Град во Турција речиси срамнет со земја. Официјалниот број на загинати изнесува повеќе од 1500

Официјалниот број на загинати, според последните информации, низ Турција и Сирија сега изнесува повеќе од 1.500, а илјадници се повредени. Во тек е голема спасувачка операција. Се стравува дека бројот на жртви би можел да биде многу поголем бидејќи земјотресот ги фати повеќето луѓе на спиење.

Провинцијата Хатај, која се наоѓа на границата со Сирија, беше една од најтешко погодените од земјотресот. Турските медиуми јавуваат дека делови од покраината изгледаат како воена зона, а град во оваа покраина е речиси целосно срамнет со земја.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *