Градскиот базен во Македонска Каменица со нови содржини за пливачите и посетителите

Македонска Каменица, 18. Јуни 2019 година – Како што известуваат од ЈП Камена Река, подготовките за отворање на градскиот базен во Македонска Каменица за претстојната летна сезона се во завршна фаза. Како и минатата година, така и оваа ЈП Камана Река воведува новини со кои дополнително ќе го подобри престојот на пливачите и посетителите на градскиот базен.

„Во рамки на можностите на претпријатието, оваа година покрај останатите дополнителни елементи, за прв пат поставивме мал детски базен, кој ќе биде наменет за најмалите посетиели. Детскиот базен е изработен од висококвалитетен материјал, со комплет филтри за пречистување и одржување на водата. Поседува и цераден дел за покривање, со што ќе се намали атмосферското влијание врз водата во период кога истиот не се користи. Минатата година, ЈП Камена Река на базенот веќе постави поголем број на лежалки и летни чадори“, – изјави Влатко Андоновски, директор на ЈП Камена Река. Додавејќи дека, отворањето на летната сезона на градскиот безен во Македонска Каменица, во зависност од временските услови ќе биде овој петок, на 21. Јуни.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *