Градоначалничката Стаменкова со честитка по повод Светскиот ден на учителот

Честитка по повод Светскиот ден на учителот до просветните работници, денес преку социјалните мрежи упати и градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова. Текстот од честитката ви го пренесуваме во целост:

 

Почитувани учители,
Од мое лично име, од името на Советот на Општината и од името на сите граѓани на Македонска Каменица, дозволете ми да Ви го честитатм 5-ти октомври – Светскиот ден на учителите.
Денес сите ние ја прославуваме Ваша одданост и верност, вашата љубов и животно мото, да се образува и воспитува, да се гради иднината. Во понатамошниот период Ви посакувам уште поголеми резултати, успеси и просперитет во работа со учениците!

 

Со почит,
Соња Стаменкова
Градоначалник на Општина Македонска Каменица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *