ГРАДОНАЧАЛНИКОТ СОЊА СТАМЕНКОВА ОСТВАРИ РАБОТНА СРЕДБА СО ЗАМЕНИК – МИНИСТЕРОТ ЗА ЛОКАЛНА САМОУПРАВА, ДЕЈАН ПАВЛЕСКИ

Македонска Каменица, 06 Март 2018 година – Градоначалникот Соња Стаменкова оствари редовна работна средба со заменик- министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески. Во текот на работната средба, заменик министерот беше запознаен со моменталната состојба во општината и со одредени проблеми со кои се соочува локалната самоуправа во Македонска Каменица. Беше договорена поголема меѓусебна соработка во идните планирани проекти на општина Македонска Каменица и Министерството за локална самоуправа преку изготвените долгорочните програми и стратегии за регионален развој. На средбата се разговараше и за унапредување на можностите на општина Македонска Каменица во искористувањето на средствата од европските кохезивни фондови и потребната поддршка на општината при надминување на административните пречки при изготвување на потребна документација за проекти од IPA – програма за прекуграничната соработка.

Во разговор, помеѓу стручен тим кој беше присутен на денешната средба на градоначалникот Стаменкова и заменик- министерот за локална самоуправа беше разгледана и можноста отпочнување на прекуграничен проект од IPA – програмата, за изготвување на „Катастар на загрозени подрачја“. Станува збор за проект, со кој ќе се изработи детална карта на загрозени ерозивни подрачја на територија на општина Македонска Каменица. Со овој проект ќе се обезбеди маркирање на ризичните подрачја, нивно времено санирање и студија за реалните и потенционални ризици од нив. Со оглед на големиот број на свлечишта кои постојат на територија од нашата општина и нивното интензивирање во последните години, беше заклучено дека потребата од ваков проект е еден од приоритетите на општина Македонска Каменица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published.