Градоначалникот Атанасовски со честитка до учениците по повод почетокот на учебната година
„Ми беше задоволство утрово да присуствувам на приредбата во ООУ Св. „Кирил и Методиј” со цел заедно да им посакаме добредојде на првачињата. Од срце посакувам денешната неизмерна детска среќа да ги води учениците во текот на целата учебна година“, – истакнува Атнасовски во честитката до учениците при ООУ Св. Кирил и Методиј во Македонска Каменица. На учениците, подарувајќи им скромни подароци, по повод почетокот на учебната година, градоначалникот Атнасовски им посака да бидат добри деца и ученици за да ги оправдаат очекувањата на заедницата и општеството.

Атанасовски ја потенцираше обврската за креирање на услови за подобро образование и воспитание на сите деца во заедницата. Оваа година, Општина Македонска Каменица доделува еднократни 3000 денари за секое семејство кое има запишано прваче и средношколец во прва година.
Станува збор за убава пракса која се надеваме дека тоа ќе продолжи да се спроведува и во наредните години во Македонска Каменица.
Станува збор за убава пракса која се надеваме дека тоа ќе продолжи да се спроведува и во наредните години во Македонска Каменица.

При посетата на средното општинско училиште „Миле Јаневски Џингар“ и работната средба со директорката Данче Гоцевска, по повод почетокот на школската година, градоначалникот Атанасовски ја искористи приликата да упати честитка до учениците и во овој училишен центар во Македонска Каменица.
„Од мое лично име и од име на директорката на СОУ „Миле Јаневски Џингар” Данче Донева Гоцевска на средношколците сакам да им посакам среќна и успешна учебна 2023/24 година, проследена со голем број предизвици и убави моменти во образовниот процес со цел да се изградат како академски граѓани или квалификувана работна сила која еден ден ќе ги исполни барањата на заедницата“, – рече Атнасовски