ГРАДЕЖНИ АКТИВНОСТИ НА ЛОКАЛНИОТ ПАТ ЦЕРА-МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА

Во рамки на своите надлежности, општина Македонска Каменица започна со градежни активности на локалниот пат село Цера-Македонска Каменица. Се поставуваат пропусти и се градат потпорни ѕидови на потегот од маала Гергинци до месноста Побиен Камен во село Цера, а во наредниот период ќе бидат прочистени и канавките на овој пат.
Вакви активности ќе бидат извршени и на патот од Долна Цера до Македонска Каменица со што можностите за оштетување на патот ќе бидат сведени на минимум и значително ќе бидат подобрени условите за одвивање на сообраќајот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *