Екипата на ФК „Каменица Саса“ продолжува со успешните настапи. Овој пат извојувана е гостинска победа против Тиверија. Конечниот резултат на натпреварот е 1:5 и веќе е трасиран патот кон пласман во Втората македонска фудбалска лига. Во листата на стрелци од редовите на ФК ,,Каменица-САСА” се запишаа Сашо Велиновски и Стефан Атанасов со по два погодока и Мартин Димовски со еден постигнат гол.
ФК ,,Каменица – САСА” со својата препознатливо добра игра и веќе постигнатите врвни резултати оваа сезона на голема врата го враќа интересот за фудбалската игра во градот, кој повторно живее со и за фудбалот.