Големи европски пари за нашите фирми, но немаат идеи и знаење како да ги искористат

Има големи европски пари на располагање за македонските фирми, а во следниот период ќе се одобрат уште повеќе, но тие не знаат и не можат да ги искористат. Иако има мало подобрување, за седум години успеале да земат само 7 милиони, од вкупно 80 милиајрди евра од евроспката програма Хоризонт 20 20. Таа е наменета за бизнисот, но и за истражувачки центри и универзитети, за да им се помогне на фирмите да станат конкурентни и да отворат нови работни места. За посебниот дел за мали и средни фирми, пак, аплицирале неколку, но ниту една не успеала да добие средства. Бизнисот се жали на тешките процедури и многуте потребни документи што се бараат. Но тие мора да претстанат со безидејноста и да ги зајакнат своите капацитети.

Причините се големите административни процедури, долгиот период на одобрување, но ова ваѓи и за сите компании од ЕУ, затоа треба интензивно да се градат капацитети и да се стекне навика за аплицирање за овие проекти, бидејќи со самото почнување на преговорите и потоа и со влезот во Европската унија, навистина ќе стане збор за посуштински и позначајни проекти и покомплицирани процедури, вели Јадранка Аризанковска од Стопанската комора на Македонија.

Фирмите бараат да помогне и државата преку формирање на Гарантен фонд, бидејќи Европа дава само по 50 до 70 отсто од парите, а од 50 до 30 отсто мора да вложат самите компании. Комората им порача да се охрабрат и да аплицираат, да научат како да дојдат до парите. Но, мора да понудат и свежи идеи кои ќе содржат иновативна нишка, особено од еколошки аспект кој е многу значаен за Европа.

Од 2021 година па натаму, европјаните ќе формираат нов проект, Хоризонт Европа, кој ќе ги обедини сите програми и ќе нуди дури 100 милијарди евра за европските фирми. Во моментов се собираат предлози за изработка на годишните програми за овие пари.

Компаниите ќе играат исклучително важна улога, бидејќи ЕК согласно истражувањата, детектирала дека идеите мора и треба да дојадат од компаниите од приватниот сектор, вели Аризанковска.

Реализацијата на ИПАРД парите во земјоделството, пак, е малку подобра, но не е на посакуваното ниво. Од 2007 до 2014 била 17 отсто за ИПАРД 1 програмата, а за ИПАРД 2, од 2014 до 2020 досега се искористени 22 проценти.

Нина Нинеска-Фиданоска

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *