Годинава вевчанци ја спасија “честа” на лудите тркачи по крстот на Водици. Попот се лизна, пукотници од оружје насекаде

Водици или Богојавление, денот на кој според христијанското предание Св.Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19 јануари кај црквите што го користат јулијанскиот календар, вклучувајќи ја и македонската. Тоа отприлика е кусото објаснување за значењето на овој значаен датум во православието.

Секоја чест на исклучоците, но, се чини дека за Балканот дефиницијата на тој ден треба да биде надополнета и со: „Денот кога се покажува сета ‘глупоштија’ што можат да ја направат верниците во трката за крстот“. Така, после многу снимки кои дојдоа од нашите села и градови, а во кои се изнагледавме разни туркања, дофрлања, дојде и снимка од Вевчани.

vevcani_-_02.jpg

По традиција светиот чин на осветување на водите се одржа кај Вевчанските извори. Сепак, попот, кој не можеше да се симне близу до речното корито каде чекаа момчињата подготвени да скокаат по крстот, се излизга по снегот. Тоа наиде на голема смеа кај присутните.

vevcani_-_03.jpg

Но, вевчанци не би биле тоа што се, ако на сета оваа весела атмосфера не додадат и нешто бучно. Додека попот се лизгаше по снегот, можеше да се чуе дека дел од насобраните пукаат од огнено оружје. Во еден миг одекнаа и рафални истрели. Целата сцена наликуваше гротескно, како да е карневалско одбележување на светиот ден.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *