Годинава, „Бабина Баница“ ќе се оддржи на 11-ти јуни

Здружението на пензионери од Македонска Каменица, со поддршка на Општината, Културно-информативниот центар „Романса“ и Здружението на граѓани „Еленец Цера“ ја организираат традиционалната манифестација „Бабина баница“, која ќе се оддржи на 11-ти јуни.

Годинава, „Бабина баница“ ќе се оддржи по шести пат, а од организаторите е најавено уривање на минатогодишниот рекорд и присуство на околу 10.000 посетители на преубавиот манастирско-туристички комплекс „Еленец“ во село Цера.

Покрај натпреварот во подготвување на баница под вршник, на традиционален македонски начин, ќе има и богата културно-уметничка програма во која ќе учествуваат секции од здруженијата на пензионери. За гостите ќе биде подготвена и селска манџа по традиционална македонска рецептура која ќе се продава по симболична цена.

Leave a Reply

Your email address will not be published.