Ги знаете ли вашите работнички права? (Видео)

19.XII.2017 kamenica.mk

Не можеш да работиш прекувремено повеќе од 8 часа неделно, треба да добиваш додатоци ако работиш во смени, ноќе или на празници, а годишниот одмор треба да ти трае најмалку 20 работни дена. Дури имаш право да побараш неплатено отсуство од 3 месеци во годината, а работодавачот да ти го чува работното место. Додека штрајкуваш, имаш право на плата, а за време на отказниот рок, можеш да отсутвуваш од работа 4 часа во неделата за да бараш друга работа. Запознај ги своите работнички права и #Прашај.

Видеото го изработи Институтот за комуникациски студии, во соработка со Хелсиншкиот комитет за човекови права.https://m.youtube.com/watch?v=yaS4WOqWJp0

Leave a Reply

Your email address will not be published.