ГАЗДИТЕ МОРА ДА ВИ ИСПЛАТАТ: Надоместок за секој час прекувремена работа

Доколку договорот за вработување гласи на полно работно време, неделното работно време не смее да надмине 40 часа

Под прекувремена работа се подразбира работа која се врши надвор од утврденото полно работно време.

Работодавачот може да побара од работникот да извршува прекувремена работа само под следните услови:

  • При исклучително зголемување на обемот на работа;
  • Ако е нужно за продолжување на деловниот или работниот процес;
  • Ако е нужно да се отстрани оштетување на средствата за работа што би предизвикало прекин на работата;
  • Ако е потребно да се обезбеди безбедност на луѓето и имотот, како и безбедност на прометот и
  • Во други случаи определени со закон или колективен договор

За вршење на прекувремена работа на секој работник му следува надоместок како додаток на основната плата која е утврдена во договорот за вработување.

Основната плата на работникот се зголемува по час најмалку за:

  • Прекувремена работа – 35%
  • Работа во текот на ноќта – 35%
  • Работа во три смени – 5%
  • Работа во ден на неделен одмор – 50%

За работа на празник и неработен ден законот предвидува право на надоместок на платата што му припаѓа на работникот кога во тие денови не работи и плата за поминати часови на работа зголемена за 50%.

извор: вработување.ком.мк

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *