Православната црква и верниците в сабота ја одбележуваат Митровденската или есенска задушница, која секогаш е во ден сабота, во очи на големиот празник Свети Димитриј Солунски – Митровден.
За таа цел, свештенството при Светиот храм „Успение на Пресвета Богородица“ во Македонска Каменица упатува Известување за распоредот и време на присуство на свештените лица на вечните почивалишта на територија на општина Македонска Каменица.
Сабота, 06.11.2021 година
- Село Саса 06:00 часот
- Село Моштица 06:00 часот
- Грчки гробишта 07:30 часот
- Село Луковица 07:30 часот
- Нови градски гробишта – Капела 09:00 часот
- Стари градски гробишта – Св. Илија 08 :30 часот
Свештенството при Светиот храм упатува апел до граѓаните за почитување на протоколите за заштита од Ковид 19 при посетата на вечните почивалишта.