ВРЕМЕ: Денеска и утре сончево, од сабота дожд и снег

Денеска во Македонија времето ќе биде сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе се движат од осум до Целзиусови 16 степени.

Во Берово изутринава во седум часот се измерени минус 7 степени Целзиусови, додека малце потопло беше во Македонска Каменица, Скопје Петровец, Битола и Лазарополе со минус 5. Во  Тетово се регистрирани минус 4 степени,  во Крива Паланка, Куманово, Претор, Демир Капија, Прилеп, Дебар, Струмица и Штип,  минус 3, во Скопје Зајчев Рид и во Охрид минус 2, а  минус 1 во Виница….

Во Каменица сончево со слаб до умерен ветер од северозападен правец и дневна температура до 10 степени. И утре времето ќе биде сончево со слаб југозападен ветер.

Во сабота облачноста ќе се зголемува и ќе дува засилен јужен ветер. Попладне на запад ќе започнат врнежи од дожд, а на планините од снег. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјава. Пообилни врнежи се очекуваат во западните делови. Во недела, особено претпладне сѐ уште ќе има локални врнежи од дожд, а во подрачјата повисоки од 700 м.н.в. врнежите ќе поминуваат во снег. Нов влажен и релативно топол бран се очекува од почетокот на наредната работна седмица, прогнозира УХМР Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *