Времето на “луксузирање” во општина Кочани заврши. Започната постапка за рационализација на расходите

„Луксузирање“ во општина Кочани веќе нема да има. Локалната самоуправа ги крати непродуктивните трошоци од буџетот. Раководството започна постапка на т.н. рационализација на расходите, па начини да се заштедат пари има и тоа веќе се направи, тврди кочанскиот градоначалник Николчо Илијев.
  • Ги скративме трошоците за репрезентација, трошоците за патување се сведени на едно разумно ниво, мора да ги има, но се на разумно ниво и продолжуваме со штедење на секое место. Ќе продолжиме со рационализацијата, исто така морам да кажам дека во Буџетот ги скративме и средствата за IT технологија, односно за купување нови компјутери. Праксата дека секоја година треба да вложиме 20 илјади евра за компјутери оваа година нема да ја има, а во потрага сме и по други решенија што ќе заштедат значајни средства во Буџетот, изјави Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Освен кратење на трошоците кои се предвидени за општинарите, локалната самоуправа најде начин како граѓаните да имаат поголем бенефит од нејзината работа.

Имено, таа на некој начин ќе ги задолжи сите компании кои имаат соработка со општината, задолжително да направат нешто корисно за општеството :

  • Се работи за фирмите кои работат проекти и кои земаат пари од буџетот на Општината. На крајот, ако остваруваат некаква добивка, ред е еден мал дел, не сакам да кажам процент, да го врата на граѓаните, не како пари, туку како донации во разни проекти и други дела што ќе бидат од интерес на граѓаните, кажа Илијев.

Оваа одлука на општината веќе се применила во пракса. За жал, првиот пример е на компанија која е од друг град. Истата на општината донирала готов проект за изградба на детска градинка во населбата Бејрут, со кој Кочани аплицирала до ресорните министерства за обезбедување средства за реализација.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *