Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне.

Во источните делови на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Во западните делови ќе дува слаб до умерен западен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 11, а максималната ќе достигне од 15 до 21 степен.

Во Македонска Каменица претпладне облачно со врнежи од дожд, попладне променливо облачно. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 19 степени.

Во следните денови се очекува период на претежно стабилно време, освен во среда кога во јужните делови ќе има услови за локален дожд.

Времето денеска променливо облачно со привремени врнежи дожд | opserver.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *