Во чест на 11. Октомври градоначалникот Стаменкова положи цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ

 

Македонска Каменица 11.10.2018 година – Почитувајќи ја историјата и нејзините придобивки градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, со своја делегација положи свежо цвеќе пред Споменикот на народниот херој Вера Јоциќ во нашиот град. На одбележувањето на 11 Октомври – Ден на народното востание на Македонија, свежо цвеќе положија и претставни од Здружението на пензионери од Македонска Каменица, ООУ „Св. Кирил и Методиј“, СОУ „Миле Јаневски Џингар“, ЈП „Камена Река“, КИЦ „Романса“, како и претставници на дел од политичките партии во Македонска Каменица.

 

Делегација предводена од градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, положи свежо цвеќе на вечното почивалиште и споменик на народниот херој Вера Јоциќ, во село Саса.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *