Како што објави веб сајтот „24 часа“ во тек е спасувачка операција, за извлекување на петмина Македонци кои се заглавени во теснец близу еден од скијачките терени на Банско во Бугарија.
Тие отишле на скијање и сноубординг, но паднале во еден процеп кој е познат како „Дејанов падобран“. Операцијата е мошне ризична и спасувачки служби се обидуваат да ги извлечат со јажиња.
Тие исчезнале пред 18 часови но веднаш било алармирано дека не можат да излезат сами по што експресно пристигнале спасувачки екипи.