Во сообраќајна несреќа кај Кочани животот го загуби 33- годишен возач

31. Јануари 2018 каменица.мк

Вчера, 30.01.2018 околу 22:00 часот, на магистралниот пат Штип-Кочани, се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби 33- годишно момче.

Д.А. (роден 1984) од село Бели, движејќи се со патничко моторно возило „Форд фокус“ со кочански регистерски таблички, најверојатно заради неприлагодена брзина и кон условите на патот излетал надвор од коловозот. Од здобиените повреди Д.А. починал на местото на настанот.

извор: МВР

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *