Во Словенија од денес е достапна 5G мрежа

Откако Телеком Словенија прва во Словенија го презеде наредниот чекор од денес официјално во Словенија е достапна 5G мрежа за корисниците, извести словенечко Дело. Телеком Словенија воспостави национална мрежа од петтата мобилна генерација на фреквенција од 2600 MHz, која се користи и за мрежата од четвртата генерација.

Најголемата разлика која ќе ја почувствиваат корисниците на 5Г мобилната мрежа на Телеком ќе биде брзината на пренос на податоци. После понудата на телекомуникациски пакати ќе следува понуда прилагодена за различна намена. Телеком Словенија потенцираше дека области како што се енергетика, транспорт, логистика, индустрија, паметни градови, здравство, јавна безбедност и други се најперспективни за мрежната технологија 5G и имплементација на мапредни комуникации.

Во првиот чекот најголемиот домашен телекомуникациски оператор надгради повеќе од 200 базни станици со 5G сигнал , а до крајт на годината се очекува дека 5G ќе може да користат 33% од населението во Словенија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *