Во сабота (29.04.2017), театар „Колозов“ од Скопје ќе одигра две претстави во новиот Дом на култура во Македонска Каменица. Во 17.00 часот ќе биде прикажана детската театарска претстава „Љубопитната принцеза“, а веднаш потоа, во 19.00 часот ќе се одигра и хит-претставата „Женско царство“.
Театар „Колозов“ веќе неколку пати гостуваше во Македонска Каменица и ужива огромна популарност кај локалната публика. Ова гостување е дел од тридневната програма која се реализира по повод отворањето на новиот Дом на култура.