ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ОД МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ИНТЕНЗИВНО СЕ РАБОТИ НА УРЕДУВАЊЕ НА ЛОКАЛНИТЕ ПАТИШТА И РЕЧНИТЕ КОРИТА (ФОТО)

01.02.2018 каменица.мк

Општина Македонска Каменица продолжува со реализацијата на своите програмски активности предвидени за 2018 година, поврзани со уредување на локални патишта и речните корита на реките во руралните средини. Моментално, се работи на повеќе локации истовремено и тоа со зголемен интензитет заради итноста од задоволување на потребите на месното население во зимниот пероид од годината, кога условите за движење се доста отежнати.

Во атарот на село Моштица на повеќе локации се работи на поставување на „пропуси за вода“, краток мост и тампонирање на краци до домовите, како подготовка за нивно асфалтирање во следниот период.

Во близина на месноста „Пречистителна (филтер) станица“ во Долна Саса, исто така се поставуваат нови речни „пропуси на вода“, како дел од проектот за регулација на речното корито, а во следниот перод во зависност од временските услови, од страна на ЈП Камена Река, ќе се пристапи и кон целосно уредување и регулација на речните води од тој простор.

На слични проекти се работи и во село Костиндол каде што во тек е изградба на краток мост на Црна Река. И таму по завршувањето на истиот ќе се продолжи со доуредување на речното корито, а ќе се пристапи и кон тампонирање и асфалтирање на краци до домовите во селата Костиндол и Луковица. На сличен проект веќе се работи и во село Дулица, истиот е во завршна фаза, каде поголем дел од краците се тампонирани и веќе од месец Март се очекува нивно асфалтирање.

Leave a Reply

Your email address will not be published.