Во обид да се стопли, почина старец од делчевското село Град

Старец од Делчевско умре сакајќи само да се стопли. Обидот да обезбеди дрва за греење, за 75-годишниот Симеон Маринков од делчевското село Град, заврши кобно, откако запрежната кола, полна со штотуку набрани дрва, се превртела и го приклештила.

Силината на падот и притисокот била преголема, па старецот починал на лица место како последица на повреди на главата, ’рбетот и градниот кош.

Инаку, старецот живеел сам, па дека нешто не е во ред со него соседите разбрале, откако вечерта не се вратил да си ги прибере козите. Веднаш го алармирале семејството и организирале потрага по Маринков, но го нашле само неговото мртво тело.

Leave a Reply

Your email address will not be published.