Во напредна фаза е изградбата на Кулата за рана детекција на пожари во Македонска Каменица

Во напредна фаза е изградбата на Кулата за рана детекција на пожари во Македонска Каменица

 

 

Проектот, кој се реализира преку програмата за прекугранична соработка, како што информираа од Општината, се очекува да биде комплетно завршен до почетокот на идната година.

-Активностите за изградба на кулата се во напредна фаза и се дел од проектот „Изградба на интегриран систем за рана детекција и превенција од шумски пожари во Невестино и Македонска Каменица“, со референтен број CB006.2.12.039, а кој се реализира преку Interreg-IPA Програмата, стои во објавата од официјалната страна на социјалните мрежи на градоначалникот на општина Македонска Каменица, Димчо Атанасовски

Партнер во проектот е Јавното претпеијатие „Камена Река” од Македонска Каменица, за кое во овој проект, преку ЕУ фондот се обезбедени околу 200 илјади евра.

-Во моментот, како што стои во соопштението за јавност објавено од градоначалникот Атанасовски, се поставуваат дел од столбовите и друг вид конструкција на противпожарната кула која се наоѓа во село Саса. Нејзината намена ќе биде да детектира шумски пожари во радиус од 20 километри.

Проектот како што е посочено, има големо значење за месното население при навременото детектирање на пожарите на територијата на Македонска Каменица и поширокиот регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *