Во Македонска Каменица отворена канцеларија за соработка со дијаспората

Денес, во рамки на собирот кој традиционално се оддржува на Манастирско- туристичкиот комплекс „Еленец“- Цера, Македонска Каменица, при посетата на министерот во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, и градоначалникот на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова остварија работна средба. При тоа беа отворени повеќе актуелни прашања во однос на иселениците од Македонска Каменица, но и како може да се унапреди начинот на комуникација и соработка со нив.

Главна цел на средбата помеѓу министерот Адеми и градоначалникот Стаменкова беше воспоставување на начелата на соработка помеѓу двете инстититуции, преку отворање  на Канцеларија за соработка со дијаспората. Оваа Канцеларија ќе ги врши работите кои се однесуваат на административно-технички работи за грижа на иселениците, односно истата ќе треба да одржува комуникација со дијаспората со потекло од општина Македонска Каменица, да ја информира дијаспората по однос на одредени прашања, како и да асистира во зголемување на ефикасноста при комплетирање на административни постапки и решавање на административни проблеми од различен карактер со кои се соочуваат претставниците на дијаспората, како на пример: вадење лични документи, постапки во областа на трудот и социјалната заштита, информирање за одредени закони или промени во законските решенија, информирање за можностите за инвестирање, како и информирање за конкретни културни настани кои би биле од интерес за граѓаните од дијаспората кои престојуваат во соодветната општина.

„Денеска со градоначалничката Стаменкова, реализираме идеја која треба да ги подобри условите на иселиениците од општина Македонска Каменица, преку отворањето на Канцеларијата за соработка со дијаспората. Драго ми е што успеавме оваа канцеларија успеавме целосно да ја ставиме во функција на сите оние наши граѓани кои живеат и работат во дијаспората, а сега летото додека се присутни во Македонска Каменица и околината, ќе можат тие неколку дена додека се тука да се посветат повеќе на семејствата, а помалку на бирократијата. Во оваа прилика сакам да истакнам дека Владата на РМ донесе закон со кој ги поддржува домашните и странските инвестиции, а посебен член од законот е наменет токму за инвестиции од дијаспората се со вел да ги мотивираме уште повеќе да дојдат и да инвестираат во своите родни места“ посочи во изјавата министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми.

Во својата изјава за медиумите, веднаш по отворањето на Канцеларијата за соработка со дијаспората, градоначалничката на Макеоднска Каменица изјави: Денес, на наше огромно задоволство, отвараме Канцеларија за соработка со дијаспората. Огромен број наши сограѓни, во најтешките периоди за Македонска Каменица, својата егзистенција ја побараа во европските и прекуокеанските земји. Ние сметаме дека е неопходно да останеме во блиска комуникација со нив, да соработуваме и заеднички да градиме подобра иднина за нашите поколенија. В
Очекуваме дека со новата Канцеларија, со наша поголема заложба и со стратетегијата која ја подготвуваме, во идниот период ќе изградиме партнерски однос со нашите иселеници. Оваа соработка е значајна од повеќе аспекти и мораме во иднина да се посветиме да ја подигнеме на повисоко ниво. Сакаме да ги мотивираме иселениците да се враќаат во родниот крај, да инвестираат тука и заеднички да градиме просперитна општина.
Од друга страна пак, заедно со општините со кои веќе сме збратимени, но и со оние со кои ќе се збратимиме во иднина, ќе соработуваме на повеќе полиња, на економски, културен, социјален, образовен и спортски план, и на тој начин ќе допринесеме нашите иселеници да имаат перспектива.
Драго ни е што и Владата на РМ е на наша страна, што ги поддржува овие иницијативи и верувам дека се ова ќе даде завидни резултати. Со ова правиме еден крупен исчекор во насока на подобрување на условите за сите наши граѓани коишто живеат надвор од Република Македонија. Сакаме да придонесеме да имаат побрзи и подобри услуги во моментот кога тие граѓани ќе се вратат овде, во Република Македонија.“

Канцеларијата за соработка со дијаспората ќе соработува со иселениците од Република Македонија кои се на постојана или привремена работа надвор од Република Македонија.

Посетата на министерот од Владата на Република Македонија беше искористена за кратка прошетка низ централното градско подрачје во Македонска Каменица и средба со иселениците од Македонска Каменица на традиционалниот собир на Манастиско- туристичкиот комплекс „Еленец“ во село Цера.

This slideshow requires JavaScript.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *