Во завршна фаза е реконструкцијата на спортската сала во Македонска Каменица

Македонска Каменица, 09.06.2020 година – Во завршна фаза е целосната реконструкција на спортската сала во Македонска Каменица. По замената на системот за затоплување и замената на подот, во тек е уредувањето на трибинскиот дел, а целосно е завршена заменета и на надворешната столарија од објектот.
 
Како што истакна градоначалничката на општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова која денес изврши увид во градежните работи во објектот, станува збор за инветиции вредни приближно 5,4 милиони денари. Најголемиот дел од средствата се обезбедени од буџетот на Општината, а дел од средствата се обезбедени преку Министерството за образование и наука.
 
Со реконструкцијата на спортската сала, општина Македонска Каменица добива објект со сосема поинаков и модерен лик, со што пред се ќе биде подобрен квалитетот на наставата во Основното општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“, а ќе бидат обезбедени високи стандарди за натпреварување и тренинг на спортските клубови од нашиот град.
Со целосната реконструкција на спортската сала и изградбата на новото Повеќенаменско спортско игралиште во училишниот двор, со прва поставена спуртон подлога во државата и најсовремена ФИБА стандардизирана опрема, покажуваме дека како локална самоуправа интензивно работиме на подобрувањето на условите за развој и партиципирање на спортот кај младите во нашиот град, – додаде во својата изјава градоначалничката на општина Македонска Каменица.
 
Вреден за спомнување е фактот дека, ова се први посериозни инвестиции на општина Македонска Каменица за подобрување на условите за одржување на спортски натпревари и спортска настава. Иако, овој своевиден храм на спортот во Македонска Каменица е изграден во почетокот на осумдесетите години на минатиот век, освен вршење на ситни поправки на оштетувањата, спортската сала воопшто не е реновирана или санирана.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *